ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Тетово, 30% од тестираните се позитивни

Тетовскиот регион влезе во фаза на висок ризик од ширење на вирусот корона. Пред само една недела, над 200 нови случаи на Ковид-19 беа регистрирани во Тетово и околината. Според Институтот за јавно здравје, најпогодени се лицата над 60 години, додека бројот на заразени лица на возраст од 30-39 години се зголемува. Според директорката на Институтот, Сузана Субашиќ, зголемувањето на случаите се должи на непочитување на мерките и прикривање на симптомите.
Од кризниот штаб во Тетово велат дека болницата има капацитет да прима пациенти и им препорачуваат на наставниците да предаваат од дома наместо од училиште.
Во последните две недели над 30% од тестираните граѓани се позитивни.
Bashkim Sulejmani