
Додека во другите градови продолжува трендот на градење социјални станови, во Тетово оваа тема речиси и да ја нема. Локалната власт во Тетово, но ниту централната со години не размислува за изградба на социјални станови за сиромашните. Министерот за локална самоуправа Бочварски ја обвинува локалната самоуправа што не се грижела да обезбеди државно земјиште за изградба на социјални станови, или да аплицира до Министерството за изградба на социјални станови.
Градоначалникот на Тетово Билал Касами ја префрли топката на прелиминарниот состав на општината, притоа вети дека општината не само што ќе најде државно земјиште, туку и ќе обезбеди пари за изградба на социјални станови заедно со министерството, без да прецизира дека, како и од каде ќе се обезбедуваат средствата, кога се знае дека општината е во големи долгови.
„Ние како локална самоуправа веќе воспоставивме комуникација со Министерството за труд и социјална политика, за составување детален урбанистички план за оваа област и истовремено во соработка со меѓународни донатори и општински фондови, за изградба на социјални станови за овие граѓаните да си го средат живеалиштето“, рече Билал Касами Градоначалник на Тетово.
Башким Сулејмани