ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Тетово – Бројни казни за фрлање отпад на несоодветно место

За неколку месеци во Тетово беа изречени бројни казни за непочитување на јавната чистота. Честопати може да се забаележат празните канти заотпад, додека околу нив има расфрлено купишта ѓубре. За да се спречи фрлањето на Општина Тетово постави безбедносни камери на неколку критични точки.

Advertisements

„Во однос на изречените казни за дел од граѓаните кои фрлаат отпад, издадени се осум казни, додека во постапка се 35, како и 60 опомени за граѓаните. Веќе на критичните точки каде што се врши собирање на отпадот, поставивме и безбедносни камери. Станува збор за контејнерите во близина на музичкото училиште, во Горна Чаршија, стариот стадион и средното текстилно училиште“, рече Бесарта Рамадани, портпаролка на општина Тетово.

Според општинските власти, наместо насекаде да се фрла отпад, жителите треба да се јават во општинското претпријатие, кое оди во нивните домови за да го собере.

Патот до Попова шапка, пред градските гробишта, е точката каде што инспекторатот е најконцентриран, а ќе бидат поставени и камери, бидејќи отпадот најчесто се фрла тука, а не во кантите каде што припаѓа, туку надвор од нив.

Пред неколку дена во Тетово беше отворен нов пункт за собирање на цврсти материјали на излезот од градот.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button