Тетово денеска како Венеција, фалеа уште гондоли
Тетово денеска како Венеција, фалеа уште гондоли

Дождот ги поплави речиси сите улици во Тетово. Привремено беше блокирана и главната артерија на излезот од градот што води кон Скопје. Поројниот дожд, но и градот го поплавија и канализациониот систем за атмосферска вода. Граѓани пријавија дека вода им навлегла и во подрумите на куќите.
Вработените во Општинското јавно претпријатие „Тетово“ и Подрачната противпожарна единица создаваа услови за слободно движење на граѓаните. Со оглед на интензитетот на врнежите, службите се соочија со тешкотии при отворањето на шахтите. Била исфрлена и фекална вода на површината, па се појавува опасност од инфекции.
„Градот беше соочен со брзо отстранување на фекалната вода. Последиците се различни, ние како екипи излеговме на терен на чувствителните одводни точки кои ги нарекуваме шахти за дренажа на вода, во такви ситуации на дното доаѓа до нивно зафаќање во неможност за брза интервенција бидејќи врнежите беа силни и успеавме да санираме за два часа и целиот град почна да се суши од канализацијата и фекалната вода да минува низ колекторот во реката Вардар“, изјави Љуљзим Шаќири, Општинско Јавно Претпријатие „Тетово“
Дожд имаше и во текот на ноќта каде најтешко настрадаа селата на Шар Планина. Поплавите предизвикаа и одрони на камења, па дојде и до блокада на некои патни правци. Градоначалникот Билал Касами ја обвинува неговата претходничка Теута Арифи. Според него, новите патишта што ги промовирала Арифи воопшто не ги задоволуваат стандардите.
„По обилните врнежи од дожд и влошувањето на времето во нашата земја блокирани се многу патишта на Шар Планина. На патниот правец Шипковица-Бродец, кај новиот мост во моментов со висок интензитет се работи на чистење од одрони. Новиот мост, кој претходното раководство го пушти во употреба без никакви критериуми, не може да го издржи дождот“, изјави Биљал Касами, градоначалник на Тетово
Засега се пријавени само материјални штети, возила заглавени во вода и електронски уреди уништени во подрумите. Големи се штетите и кај земјоделските култури, градинарските насади, пченицата и пченката. /Алсат.мк
Аднан Ќаили