ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Тетово им објави „војна“ на дивите продавачи кои ги блокираат тротоарите

Апелот на општина Тетово за ослободување на јавните површини од страна на уличните продавачи не наиде на одговор. Иако веќе два дена пазарните инспектори ги предупредуваат продавачите кои ги блокираат тротоарите кон зелениот пазар да ги ослободат, снимките покажуваат дека тие ги игнорираат предупредувањата. Слична ситуација има и на целиот пат на Илинденска и на булеварот Илирија. Граѓаните се жалат на отежнато движење, особено во зимскиот период кога улиците се замрзнати.

Advertisements

„Дефинитивно мора да се ослободат, не можете удобно да одите. Гледате дека не можеме да поминеме“…

„Како и да е, мора да се преземат мерки, требаше навреме да се преземат мерки. Новото раководство вети дека ќе ги реши овие работи и треба да ги реши. Барем да се ослободат јавните простори, тротоарите, градските мостови кои продавачите ги блокираат со паркирања, дури и полицајците седи таму цел ден, не преземаат мерки, мора веќе да го ослободуваат градот. Загрозени се пешаците, особено во зима“, реагираат граѓаните.

Пазарниот инспекторат бара од уличните продавачи својата дејност да ја вршат во просториите на „Зелениот пазар“ каде има 120 слободни места.

„Бараме дивите продавачи од денеска да ја тргнат својата роба од јавните површини, во спротивно ќе се соочат со Законот“, велат од Пазарниот инспекторат.

Од овој инспекторат велат дека во текот на оваа недела нема да има казни туку само опомени за оние кои ги запоседнале тротоарите. Во случај на непочитување на одлуката, по 19 декември ќе има казни кои ќе бидат високи и за физичките и за правните лица, а стоката ќе се одзема од дивите продавачи.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button