СПОРТ

Тетово ќе биде центар на одбојката на песок за екипи од различни држави на Балканот

Од среда до крајот на неделата, Тетово ќе биде домаќин на Балканското првенство во одбојка на песок. Главната организација се одвива на плоштадот Илирија. Учество ќе земаат 15 екипи од шест балкански држави.

Advertisements

„Ова е еден од најатрактивните спортови, кој во Тетово собра шест балкански држави, односно 15 екипи – осум машки и седум женски. За Тетово ова е посебен настан и се надеваме дека во овие три дена од Балканските натпревари за генерации под 22 години, ќе бидат спортски ноќи во кои заедно ќе поминеме убави моменти“, рече Билал Касами, градоначалник на Општина Тетово.

Настанот е поддржан од Министерството за спорт на Македонија и претставува прв ваков настан во нашата земја, изјави министерот за спорт, Борко Ристовски.

Натпреварите во одбојка на песок започнаа синоќа со екипа од Романија и екипа од Албанија во машка конкуренција, а денеска натпреварите продолжуваат и во женска конкуренција. И покрај високите температури, настанот го зголеми интересот на граѓаните да ги следат одблиску балканските одбојкарски екипи.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button