Тетово ќе чека за социјални станови бидејќи нема урбанистички план
Тетово ќе чека за социјални станови бидејќи нема урбанистички план

Тетовчани ќе треба да почекаат уште најмалку две години за социјални станови затоа што општината нема генерален и детален урбанистички план за градежната парцела. Шефот на општинскиот совет Бесар Дурмиши изјави дека локацијата е веќе определена и се преземаат потребните чекори. Започната била и процедура за генералниот план за да се олеснат работите во однос на изградбата на социјални станови.
„Генералниот план ќе трае околу две години, а потоа ќе почнат да се работат деталните планови каде градот ќе се шири, односно да се обезбедат градежни дозволи за различни објекти, како што се социјалните објекти. Планиравме на Индустрискиот пат каде живее ромската заедница во тој дел, почнавме со работа со архитекти во соработка со општина Тетово за детален урбанистички план на тој простор“, рече Бесар Дурмиши, претседател на Совет на општината.
Министерот за транспорт Бочварски ја обвини општина Тетово дека со години не гради социјални станови.
Над пет проценти од вкупното население во Тетово и околината живее од социјална помош, а истите имаат и проблеми со домувањето. Градот 10 години нема генерален урбанистички план. Почна да се подготвува пред неколку дена./Алсат.мк
Башким Сулејмани