„Тетово не е само град“… рече Зијадин Села и поднесе оставка
„Тетово не е само град“... рече Зијадин Села и поднесе оставка

Губењето на сите места во општинскиот совет на Тетово на вчерашните избори, опозициската Алијанса за Албанците денеска го плати со оставка на нејзиниот лидер. العاب قمار مجانا Зијадин Села се појави на состанокот на партијата и си поднесе оставка. افضل موقع مراهنات عربي Нема намера повеќе да ја води партијата, па затоа и оставката е неотповиклива.
„Од овој момент преземам одговорност и давам неотповиклива оставка од претседател на партијата. Во периодот кој следува највисокиот орган на партијата после два Конгреса и Централното собрание треба да заседава и да одлучи кој ќе биде вршител на должноста претседател на партијата“, рече Зијадин Села, Претседател на Алијанса за Албанците во оставка.
Во претходниот состав на општинскиот совет, Алијанса имаше тројца советници, но по вчерашните избори, останува без ниту еден.
„Разговаравме за резултатите од изборите, стојам на ставот дека Тетово не е само еден град или населба… Им благодарам на сите граѓани кои нѐ поддржуваа и веруваа во нас…“, додаде тој.
Зијадин Села е еден од основачите на Алијанса за Албанците, формирана во 2016 година од група незадоволни членови на ДПА. Партијата ќе прави анализи за да види која е причината за лошиот резултат во Тетово. betrally /Alsat.mk
Иван Блажевски