ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Тетово, протести на вработените во фабриката за медицинска пластика

Поради неисплата на околу 30 плати и придонеси, 16 години по затворањето на фабриката за медицинска пластика во Тетово, работниците излегоа на протести да го изразат своето незадоволство. 500 работници по стечајот на фабриката не ги вратија ниту акциите кои некогаш беа принудени да ги купат. Со стечајните управници неколку пати склучувале вонсудски договори, но резултатот е нула, велат тие.

Advertisements

По постапката за ликвидација на фабриката, на должниците им е дадено и земјиште со околу 80.000 метри квадратни кое нема врска со приватизација, велат работниците.

„Овде има два момента, прво приватизација на криминален начин, потоа се продаде земјиштето иако земјиштето беше на државата и не беше сопственост или предмет на приватизација, но го префрлија на себе. Следниот момент е дека овде има и акции кои не се ничии а сега се во Министерството за финансии. Тие тогаш ги присвоија, и станаа стопроцентни доминантни акционери“, рече Мусли Изаири- поранешен работник во фабрика.

Работниците побараа помош и од претседателот на државата и од премиерот и велат дека протестите ќе продолжат секој ден доколку не се најде решение.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button