Тетово се загрева за предвремени избори во август

Општинската изборна комисија на Тетово ги направи сите неопходни подготовки за августовските локални избори на кои ќе се гласа за нови локални советници. Тече рокот за доставување на листите, а се врши и ревизија на избирачкиот список.
„Почнавме со сите потребни подготовки за спроведување на изборниот процес што ќе се одржи на 20 август. لعبة على الانترنت Комисијата сега ги ревидира листите за членови на избирачките совети. لعبة الحظ الحقيقية Рокот за прифаќање од страна на политичките партии или независните кандидати е до 15 јули до 24 часот…“, рече Назми Даути Претседател на ОИК.
Досега ниту една партија не поднела листа со кандидати. Сè уште не е одлучено ниту за можни коалиции.
„Досега нема некаква коалиција. العاب روليت Имаше разговори само со Алијанса за Албанците, но досега нема коалиција меѓу нас. Движењето Беса на 12 јули свика централно собрание каде ќе се расправа за советничките листи и ќе се дадат предлози, по што ќе се донесе партиска одлука“, рече Бесар Дурмиши, Движење БЕСА.
„Во следните денови новоизбраниот претседател на огранокот заедно со другите партиски органи и претседателот Ахмети ќе ги испита сите околности околу работата на Советот и изборите и ќе излеземе со конкретен став“, изјави Блерим Османи, ДУИ.
Ист одговор добивме и од Алијанса за Албанците. Разговори има, но нема одлука за конкретни коалиции. Во меѓувреме, во конкуренција повторно ќе влезе независната листа „Подобро за Тетово“.
„Повторно подготвивме листа од 31 кандидат и повторно ќе се кандидираме за советници во општина Тетово. Сега треба да собереме потписи“, рече Елмедина Абдулаху, Независна листа „Подобро за Тетово“.
На 20 август Тетово ќе гласа на вкупно 117 избирачки места. Бројот на гласачи се очекува да биде околу 83.000. До распуштање на општинскиот совет дојде откако не беше изгласана завршната сметка на буџетот до 31 март, како што предвидува Законот за локална самоуправа.
Башким Сулејмани