ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во Тетово нема работници, младите заминаа во странство

„Бројот на невработени во градот Тетово и околината, според официјалните податоци на Заводот за вработување е околу 20.000. Но, и покрај ова, ситуацијата на теренот е сосема поинаква. Секоја втора продавница бара работник а не можат да најдат“, изјави новинар на Алсат, Башким Сулејмани.

Advertisements

Во најтешка состојба за наоѓање работници е токму угостителството. Последниве месеци некои угостители во Тетово и ги зголемија платите, за да привлечат работници, но залудно.

„Со оглед на околностите во државата, особено во Тетово во нашата сфера, потребата е многу голема. Поради миграција, голем број млади главно се иселиле во странство. Фалат, од хигиеничари до готвачи. Има огромен недостиг од работници. Иако готвач добива од 35 до 90.000 денари од минимум до максимум, со полно работно време, а келнерите од 350 до 650 евра, сепак не се задоволни, изјави Абедин Садики Раководител на ресторан

Освен угостителстите, криза за работниците имаат и бутиците. На познатата улица со бутици во Тетово бараат работници, но никој не се пријавува.

„Економската состојба во Македонија е катастрофа, а младите ја напуштаат Македонија за подобар живот. Во Македонија се знае просечната плата, не е доволна за семејство. Но, за жал, младите не сакаат работа. Се бараат работници а не се пријавуваат. Ја бараат платата на Германија, а работата во Македонија“, изјави Аднан Идризи Сопственик на бутик

Во Заводот за вработување во Тетово веќе долги години вработување чекаат 20-тина лекари и околу 80 медицински сестри. /Алсат.мк

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button