Тетово: Советнициите на БЕСА и ВМРО ново мнозинство во Советот
Тетово: Советнициите на БЕСА и ВМРО ново мнозинство во Советот

Со шеснаесет гласа „за“, четиринаесет воздржани и ниту еден против беше формиран Советот на општина Тетово. لعبة الحظ الحقيقية За претседател на советот е избран Бесар Дурмиши. За формирање на советот и изборот на новиот претседател на ова тело гласаа советниците на Движењето Беса и советниците на ВМРО, а воздржани беа советниците на ДУИ, ДПА, СДСМ и Алтернатива.
Градоначалникот Билал Касами рече дека поддршката на Вмро доаѓа како резултат на предизборната коалиција, а негираше дека оваа поддршка ВМРО ќе биде наградена со некое директорско место или раководител на институција.
„Ние имавме договор порано и истиот договор со ВМРО продолжува и во новите околности бидејќи ние како Беса имаме 12 советници од последните избори. قوانين البلاك جاك Во наредните денови ќе работиме со сите советници чиј мандат ќе биде верификуван за поддршка на мнозинството од тетовскиот совет“, изјави Билал Касами Градоначалник на општина Тетово.
Во новиот состав на Советот на општината, Движењето Беса има 12 советници, ДУИ 11, ВМРО 4, СДСМ 2, а ДСА и Алтернатива по еден советник. مواقع القمار العالمية
Башким Сулејмани