Тетово, жителите на село Ѓермо се жалат за состојбата на патот

Познат е како патот кон Ѓермо, а стотици жители на Дреновец и селото Ѓермо поминуваат низ овој тесен пат со многу дупки секој ден. Жителите од оваа област велат дека локалните власти со години ветуваат санирање на патот.
„5-6 години баравме да се асфалтира патот. Уништен е патот, катастрофа, нема ништо добро во ова маало. Ветувања многу, а ништо не е сработено“.
“Закрпено е, но дури и тоа е колку за да се каже, не се прави тоа така, за кратко време истиот проблем пак се појавува.
„Населбата Дреновец е запоставена по 2001 година па наваму. Пред 2001 година беше многу добро “
“Покрај проблемот со патот, жителите на ова населба имаат проблем и со недостаток на вода за пиење”.
“Вода во Дреновец нема.
„Слабо. Речиси воопшто да нема. За 24 часа имаме еден час вода, ова е речиси нула. Многупати сме барале сме имале протести, залудно сме барале и во институциите, тие велат дека нема “.
„Јас немам вода веќе еден месец. Тие ги гледаат само своите придобивки, а за населението, никој не размислува “.
На прашањето за проблемот со кој се соочуваат жителите од оваа област, од Секторот за општински активности во Тетово ветуваат дека патот ќе се санира следната година.
Башким Сулејмани