ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Тетовска библиотека – Раководството се жали на притисоци од Министерството за култура

Директорката на библиотеката во Тетово обвинува дека од Министерството за култура се вршело притисок врз неа и вработените да поднесат барање за дислокација во просториите на Факултетот за музичка уметност. Според неа, на седницата на одборот на библиотеката, предлогот на Министерството бил едногласно одбиен. Вработените ги посетија просториите каде што Министерството за култура има намера да ја дислоцира Библиотеката и наидоа на простории кои не ги исполнуваат ниту основни услови за работа. Раководството на библиотеката вели дека во случај на конечна одлука за дислокација ќе има протести.

Advertisements

„Со вработените ги посетивме тие простории и видовме дека таму нема услови за функционирање на библиотеката, бидејќи таму нема циркулација на воздух и нема да можеме да работиме бидејќи во моментот кога ќе се постават полиците за книги нема да може да се дише, а нема ни тоалет. Ни се прави притисок на телефон, ние како институција да поднесеме барање за дислокација во Министерството, но не сме го сториле тоа. Ако дојде до конечна одлука од страна на Министерството, ќе протестираме, дури и демонстранти се подготвени да не поддржат и Тетово нема да остане без библиотека”, рече Резарта Исмаили, Директорка на Библиотека „Кочо Рацин“ Тетово.

Се обративме и до Министерството за култура, од каде ги демантираат обвинувањата на директорката за вршење притисок врз неа и вработените.

„Директорката немала и нема никаков притисок од Министерството за култура во однос на барањето. Освен тоа, Владата е на годишен одмор од 3-ти и не можеме да потврдиме дали има или нема барање за дислокација од Тетовската библиотека “, велат од Министерството за култура.

Пред извесно време од Домот на културата во Тетово потврдија дека Министерството за култура побарало дислокација на тетовската библиотека во училниците на поранешниот Факултет за музичка уметност, кои не ги исполнуваат ниту минималните услови за библиотека.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button