Тетовската полиција и директорите на училиштата се судрија за сообраќајниот метеж

Директорите на училиштата и полицијата во Тетово се судрија околу сообраќајниот метеж наместо да разговараат за безбедноста во училиштата, за што и се сретнаа.
Директорот на ОУ „Наим Фрашери“ Џелал Алили ја обвини полицијата дека не сторила доволно за да спречи паркирање на улиците во близина на училиштата.
„Поднесов оставка затоа што е невозможно да влијаам во регулирањето на јавниот сообраќај во Тетово. Поради оваа, поставив прашања за полицијата. Што прават тие? Со години барав полиција во училиштето, побарав хоризонтална и вертикална сигнализација. Алармот беше поставен оваа година, но јас не ја гледам полицијата”, рече Џелал Алили, директор на О.У „Наим Фрашери“.
Од СВР Тетово велат дека на терен се работи напорно но некои граѓани немаат совест.
„Во врска со лошиот паркинг во градот и околината, СВР Тетово во текот на последните девет месеци презеде мерки против 1562 возила и истите беа подигнати од пајак- службата. Само во последниот месец се подигнати околу 243 возила, кои го попречуваат слободното движење на сообраќајот и движењето на пешаците. Полицијата презема мерки и работи цело време, но ние апелираме до граѓаните да внимаваат каде ги паркираат своите автомобили“, рече Фатмир Реџепи, портпарол на СВР Тетово.
Проблем сам по себе, низ улиците на Тетово и натаму остануваат блокираните тротоари, како од уличните продавачи така и од сопствениците на продавниците. Како да не им е доволно да ја изложат стоката само во продавницата, туку ја вадат и на тротоарите, блокирајќи ги за минувачите.
Башким Сулејмани