ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Тетовската полиција почна да ги чисти криминалците од своите редови

Тетовската полиција почна да ги чисти криминалците од своите редови

Првиот човек на СВР Тетово, Риад Алиу, му објави војна на криминалот во полицијата. За десет дена, уапсени се активен полициски службеник од полицијата во Ростуше, осомничен за вмешаност во трговија со дрога, како и поранешен припадник на тетовската полиција, кој сега работи во шестата управа, кој се занимавал со производство и трговија со оружје. Покрај овие две апсења, тетовската полиција уапси шест лица вмешани во трговија со дрога, кои биле фатени во текот на неделата.
Портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи, рече дека тетовската полиција ќе се бори против криминалот, без разлика за која институција работи.

Advertisements

„Во текот на изминатата недела СВР Тетово спроведе две успешни акции од кои во едната од слобода се лишени шест лица кои се занимавале со недозволена трговија со наркотични супстанции и истите се задржани во СВР Тетово, а на истите им е одредена мерка притвор од 30 дена. И во петокот при рација во тетовското село Непроштено, кај едно лице биле пронајдени и одземени чаури и проектили од различен калибар, оружје и дробилка. Истото лице е приведено и задржано во полициската станица во Тетово, а истражен судија, на истиот му определил мерка притвор од 30 дена”, рече Фатмир Реџепи – Портпаролот на СВР Тетово.

Според Јавното обвинителство, уапсениот кој се занимавал со трговија со оружје, бил ангажиран како виш оператор во Министерството за внатрешни работи.

„Педесет и едногодишниот осомничен од тетовското село Непроштено, вработен како виш оператор во МВР, во неговата куќа и во друга куќа во негова сопственост, без дозвола чувал огнено оружје, муниција и експлозивни материјали. При претресот, кај истото лице биле пронајдени и одземени пушка од типот карабин, 14 куршуми за истата, дробилка, две оптички нишани, голема количина куршуми од различен калибар, вреќа барут, шок бомба, две воздушни пушки „гамо“ со вграден нишан, пиштол Глок калибар 9 мм, со два оквира со по десет куршуми и други забранети предмети што ги поседувал без соодветна дозвола, рече Јавно обвинителство.

Од СВР Тетово за Алсат велат дека борбата против криминалот ќе продолжи дури и против лица вработени во полиција./Алсат.мк

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button