Тетовски универзитет, спор со професор

По една недела поплаки за професорката Бесиана Мехмеди од студентите по музика на УТ, денеска Деканатот одлучи да и даде само писмена забелешка на професорката, а студентите ги замоли да се вратат на час и да одлучат дали предметите што таа ги предава ќе ги слушаат кај неа или кај друг професор. Но, оваа одлука за студентите е неприфатлива и утре ќе излезат на протести на улица.
„Наставно-научниот совет на Факултетот за уметност одлучи предметот историја на музика, 1 до 8, заедно со професорката Бесиана Мехмеди да му се даде на професор д-р Бајрам Чупи, додека студентите ќе можат слободно да изберат кој ќе го посетува предметот. Мислам дека ова е правилна одлука, во интерес на студентите пред се, во интерес на институцијата што ја застапуваме и мислам дека отсега студентите ги имаат сите права да го изберат професорот по предметот“, изјави Нафи Јашари, декан
„Одлуката на деканот не ни изгледаше исправна затоа што во доказите што ги испративме до деканот има и кривични дела, сметаме дека само опомена не е правилна одлука. Ќе продолжиме да протестираме, ќе го продолжиме бојкотот. Разговаравме со првите луѓе на групите, значи ќе го продолжиме бојкотот додека овој случај не добие епилог. Значи ќе се преземат мерки против професорката до нејзино исклучување од работа“, изјави Арди Лена, студент
„Јас сум студент во четврта година и не е првпат да се соочуваме со овој проблем. Имавме проблеми од прва година и постојано бевме навредувани, но не сме реагирале. Професорката никогаш не сме ја навредиле со навредливи зборови. Затоа одлуката не е исправна и треба да има поправедна одлука за студентите“, изјави Арбреша Велија, студентка
„Утре ќе имаме протест, почнуваме во 14.00 часот од градската библиотека до ректоратот. Ги повикуваме сите студенти и од сите други факултети, поранешни студенти, како и родители да не поддржат“, изјави Арди Лена, студент /Алсат.мк
Мефаил Исмаили