ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Тетовските пензионери трет пат протестираат и го блокираа сообраќајот

Тетовските пензионери денеска трет пат протестираа и половина час го блокираа сообраќајот на влезот во градот на крстосниците кај булеварите „Маршал Тито“ и „Видое Смилевски-Бато“.
На протестот тие ги истакнаа повторно барањата за повисоки минимални пензии и линеарно зголемување на износите.
Од тетовскиот иницијативен одбор се револтирани од, како што велат, притисоцитеврз нив дека се политички мотивирани. Летка Мишовска нагласи дека тоа не е така, а протестите се организираат затоа што ниските пензии се проблем за пензионерите да се прехранат.