Тетовските угостители загрижени од ковид-мерките, прометот стрмоглаво им паѓа

Втора ноќ по ред во Тетово инспектори излегоа на терен за да проверат дали угостителските објекти ги спроведуваат новите анти-ковид мерки.
Во овој локал тие не наидоа на неправилности. Но, сопствениците на кафулиња се жалат дека спроведувањето на протоколите не е јасно, работата им опаѓа, а треба да вработат и уште едно лице кое треба да биде контролор на сертификати.
„Некои од сопствениците на угостителски капацитети не беа ни свесни за новата регулатива дали треба или не да прифатат невакцинирани лица и да ги послужат. Меѓутоа, инспекторатот денеска ги извести, па од утре ќе нема да смее да се прифаќа ниту еден гостин кој не примил барем една доза за имунизација.
„Влијанието е видливо. Имаме 90% помалку клиенти. Ви се бара да имате сертификат за имунизација на врата, вработивме лице на врата кое се занимава со контрола на сертификатите. Како што обично се случува, еден има таков сертификат, другиот нема, се откажуваат и не влегуваат. Има големо влијание.“
„Многу ни е тешко, но и клиентите се разбрани, па мислам дека ќе стане малку подобро. Мораме и нам ни е тешко, но нема што да правиме.“
Пазарните инспектори пак, беа задоволни од почитувањето на мерките.
„Од објектите што ги проверивме вечерва констатиравме дека се почитуваат. Но, имавме забелешки од сопствениците дали треба со сертификатот, на лицата да им бараме и лична карта? Но, Законот е јасен и сите угостителски објекти мора да го почитуваат. Регулативата што е во сила од денеска бара секој човек што ќе седне да примил барем една вакцина или да го прележал вирусот пред 45 дена.“
Ваквите контроли се секојдневни, а најчестите прекршоци кои завршуваат со казни, велат инспекторите, се во рестораните за свадби за време на организирање на разни семејни прослави. Во Тетово, пред два дена беа регистрирани два вакви прекршоци.
Башким Сулејмани