Тетовското обвинителство чека писмена пресуда за случајот со модуларната болница
Тетовското обвинителство чека писмена пресуда за случајот со модуларната болница

Тетовското обвинителство ја чека официјалната пресуда од судијата во случајот со модуларната болница, со која двајцата поранешни директори, Флорин Бесими и Артан Етеми, беа осудени на 18 месеци затвор, додека болницата како правно лице беше казнета со парична казна од еден милион денари. Откако ќе ја добие писмео пресудата, обвинителството вели дека посебен тим ќе ја разгледа можноста за жалба на одлуката до Апелациониот суд.
Предметот треба да стигне до обвинителството во законски предвидениот рок, вели предметниот судија, Реџеп Муса, додека законски за најтешките случаи, судиите имаат рок од 15 до 60 дена да го достават.
Бидејќи според обвинението се предвидува затворска казна од шест месеци до пет години, многу е веројатно дека обвинителството во Тетово ќе поднесе жалба и ќе бара максимална казна за обвинетите.
Бидејќи предметот веќе е вратен од Апелациониот суд, овој пат не се очекува да биде вратен, туку само да се изврши евентуална корекција на казната, со нејзино намалување или со зголемување, врз основа на фактот дека казната била за предизвикување опасност од небрежност.
Жалба најавија и семејствата на жртвите. Тие изразија незадоволство од одлуката на судијата Реџепи.
Незадоволство од одлуката изрази и поранешниот директор на Клиничката болница во Тетово, Флорин Бесими, најавувајќи жалба за случајот до Апелациониот суд, заедно со Клиничката болница како правно лице, на која ѝ беше изречена казна од еден милион денари.
„Оваа одлука е последица на погрешно утврдување на фактичката состојба и погрешно толкување на Законот за кривична постапка и Кривичниот законик. Ќе поднесеме жалба навреме против оваа одлука до Апелациониот суд“, рече Валон Абдулхамити, адвокат на клиничка болница.
Но, покрај овој случај, семејствата на жртвите и јавноста бараат епилог и за другата истрага што ја води Обвинителството за гонење на организиран криминал, а која е поврзана со откривање на причините за пожарот. Но, иако поминаа три и пол години, случајот е сè уште во фаза на предистражна постапка./Алсат.мк
Башким Сулејмани