ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Тетовското село Гајре е одвоено од реалноста, нема ниту фиксна телефонија ниту интернет

Ова е село Гајре во Тетово. Иако оваа населба е позната по многу функционери што ги имала и ги има се уште, во многу аспекти е надвор од цивилизацијата на времето. Никогаш немале фиксен телефон и интернет.

Advertisements

„Не, не, никогаш не сме имале телефон, и денес нема, од кога се сеќавам”.

„Имаме недостиг од телефон, интернет и мобилните телефони не работат, Тетово не ги држи. Политичарите доаѓаат само кога ќе дојдат да добијат гласови и никогаш повеќе не доаѓаат”.

Недостатокот на интернет ја влошува и работата на наставниците. Учениците сметаат дека е скоро невозможно да се вклучат на онлајн настава.

„Имаме многу големи проблеми и поголемиот дел од месецот интернетот не работи, сега има и проблеми со учениците бидејќи лекцијата се одржува онлајн, ни се појавуваат исклучително големи проблеми. Доставивме многу поплаки за да се преземе нешто, но никој досега не стори ништо”, изјави Мурат Ферику, наставник во ОУ “Азем Морана” – Гајре.

„Честопати има проблеми со мрежата, гледаме дека учениците додека се приклучуваат постојано имаат проблеми и не можат да влезат на онлајн настава“, рече Хедије Мемеди Абдули, наставничка во ОУ „Азем Морана“ – Гајре.

Првиот човек на локалната заедница во Гајре, за Алсат вели дека досега, неколку пати барале решенија од соодветните институции, но не добиле конкретни одговори.

„Собравме потписи и жалбата е верификувана од страна на МЗ на селото Гајре, но досега нема писмен одговор од овие институции“, изјави Реџеп Халили, претседател на МЗ Гајре.

Додека селото Гајре е во оваа состојба, преку оваа населба поминува главната мрежа на фиксна телефонија и интернет што оди до Попова Шапка.

Башким Сулејмани

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button