
Во Владата поминале неколку предлози на Министерството за надворешни работи за нови амбасадори во неколку држави и организации. Неофицијално, поранешната градоначалничка на Тетово, Теута Арифи е предлог за нов амбасадор во ЕУ во Брисел. Актуелниот директор на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски во Франција, а во САД, Зоран Попов, државен секретар во МНР. Дритон Кучи поминал како предлог за амбасадор во Норвешка. Сега следува овие предлози да бидат одобрени и од претседателот Стево Пендаровски и да добијат агреман од земјата-домаќин./Alsat.mk