КОШАРКАСПОРТ

Ти Џеј Шортс меѓу Мемфис во НБА и понудите на европските гиганти

Американскиот кошаркар со македонски пасош Ти Џеј Шортс престојното лето би можел да го напушти тимот на Париз, и да се пресели во НБА. Според информациите, тој има понуда од Мемфис, каде би сорабутвал со својот поранешен тренер Томас Исало.

Advertisements

Меѓутоа може да се случи Шортс да не замине во НБА, туку да остане во Европа. Причината за такви нешто се подобрите понуди од европските гиганти, отколку онаа од НБА лигата, каде би имал минимален договор. Во последните неколку недели се шпекулираше со заминување на Шортс во Барселона, која му нуди 2,5 милиони евра по сезона, што би била далеку подобра опција.

Во секој случај Шортс најверојатно го одигра своето во Париз, и сега е време за исчекор напред во својата кариера.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button