СПОРТ

Тиаго Брас е суспендиран на 16 месеци, бил позитивен на 3 независни тестови за допинг!

Бразилскиот атлетичар, Тиаго Брас, доби суспензија во траење од 16 месеци, поради користење допинг и нема да настапи на претстојните Олимписки Игри во Париз.  Единицата за Интегритет при Интернационалната атлетска федерација ја изрече оваа суспензија откако беше докажано дека Брас консумирал забранети сусптанци како додатоци во својата редовна исхрана.

Дел од овие додатоци и суплементи се строго забранети од Меѓународната атлетска комисија за анти-допинг, а Брас бил подложен на три независни тестови кои на крајот се покажале како позитивни.

Суспензијата за бразилецот ќе трае до 24 септември 2025 година, по што повторно ќе може да се врати на натпреварувањата, но сигурно и тогаш ќе мора да мине низ серија анти-допинг тестови. Тиаго Брас беше олимписки шампион на Игрите во 2016 година и го освои златниот медал во дисциплината скок со стап.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button