
Cмената на селекторската позиција во белгиската репрезентација придонесе Тибо Куртоа да размислува за враќање во националниот тим откако безмалку две години беше надвор од него.
Причина за тоа беше конфликтот со поранешниот селектор Доменико Тедеско кој е сменет и на негово место е поставен Руди Гарсија. Во поткастот на Рио Фердинанд, искусниот голман призна дека ќе биде достапен за новиот селектор.
„Ми недостасуваше репрезентацијата, но сега сум подготвен за враќање“, рече Куртоа кој има 102 настапа за националниот тим и се наоѓа на осмото место на вечната листа според бројот на одиграни натпревари за „Црвените Ѓаволи“.
Белгија во март ќе учествува во плејофот од Лигата на Нации, а во јуни ги почнува квалификациите за Светското првенство. Прв противник ѝ е Македонија на 6 јуни во Скопје.