СПОРТФУДБАЛ

Тиквеш: Комесарот ги штити судиите, очигледен е поткуп!

Не запира драмата по натпреварот меѓу Тиквеш и Вардар и оној поништен гол во самиот финиш за реми, по кој настана хаосот. Натпреварот не го доживеа својот крај, откако од трибините беше удрен помошниот судија Петрески.

Advertisements

Главниот судија Александар Ставрев ги испрати сите во соблекувалната, а мечот ќе биде регистриран службено за Вардар. ГФК Тиквеш објави соопштение во кое потенцира дека Петрески е тесно поврзан со раководството на Вардар и дека судел на нивна штета, а сега кавадаречкиот клуб објави нова реакција.

„Комесарот за делегирање на контролори во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Mарјан Кировски му ги праќа видеата на Миленко Неделкоски и му спрема текстови за објава во заштита на судиите од Скопје. Бараме од раководството во ФФМ да поднесе одговорност против Кировски и негово разрешување од функцијата за очигледен поткуп и местенка притив Тиквеш“, велат од клубот од Кавадарци.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button