ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Тим на лекари ќе се грижат за повредените пациенти во центарот за рехабилитација Пониква

Одморалиштето Пониква станува рехабилитациски центар за сите повредени граѓани од трагедијата во Кочани. Тим на лекари ќе се грижат и ќе обезбедат здравствена нега и ќе им пружат психолошка поддршка на пациентите.

Advertisements

Владата на вчерашната седница донела одлука и го задолжила Министерството за внатрешни работи да го стави одморалиштето Пониква, кое има 27 соби и 56 легна на располагање на Министерството за здравство за лекување на пациентите кои имаат потреба од дополнителна медицинска услуга во период од 10 јуни до 20 август.

Доколку медицинските тимови и здравствени работници одлучат дека е потребно продолжување на временскиот период за лекување и рехабилитација на пациентите, како што денеска соопштија од владината прес-служба, Владата ќе ја продолжи одлуката.

– Нашата обврска како Влада е да понудиме и да обезбедиме целосна здравствена заштита. Пациентите нема да платат ниту денар, се е на трошок на Министерството за внатрешни работи и Владата кои ќе обезбедат сместување и оброк на пациентите, како и оброк за медицинскиот кадар. Приоритет се и ќе останат граѓаните, се наведува во соопштението.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button