МАКЕДОНИЈА
Тим од МОН го посети училиштето во Нерово

Тим од Министерството за образование и наука и градежен инженер го посетија училиштето во Нерово за да извршат увид во објектот. Според министерката за образование и наука, Весна Јаневска, прашањето со училиштето во Нерово е прашање за кое е потребно време и трпение за да се најде решение. Јаневска додаде дека ќе направи сè што е можно за да им обезбеди на учениците од Нерово услови каде што ќе можат да се образуваат во иднина.