СПОРТФУДБАЛ

Тимо Вернер, пристигнува во “Варт Харт Лејн”

Лајпциг и Тотенхем се во завршни преговори и во текот на денот ќе се договорат за висината на евентуалниот откуп на лето, но таа нема да биде обврзувачка, бидејќи Tимо Вернер се согласи на позајмица до крајот на сезоната.

Advertisements

Германецот веќе ги спакувал куферите, го напушти тренинг кампот на Лајпциг и чека зелено светло за патување во Лондон на медицински прегледи и потпис. Вернер играше за Челси, но се врати во Лајпциг по неуспешните две години на „Стемфорд Бриџ“. Сепак, тој сега не е во преден план ниту во Лајпциг, па позајмица е најдоброто решение.

Вернер ќе биде многу важен за Тотенхем во текот на јануари и првата половина на февруари кога Сон ќе отсуствува поради Купот на Азија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button