ВЕСТИСВЕТ

Тимот на МААЕ во Киев, од утре мониторинг на нуклеарната електрана Запорожје

Тим експерти за нуклеарен надзор на Обединетите нации пристигна во Киев и од утре ќе започне со мониторинг на нуклеарната електрана Запорожје во јужниот дел на Украина, соопшти Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

Advertisements

Генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси, информираше дека тимот што тој лично го предводи пристигнал синоќа во Киев, на својот пат до нуклеарката, каде што е планирано да се врши инспекција од утре до сабота, јави Гардијан.

„Мораме да ја заштитиме безбедноста на најголемата нуклеарна централа во Украина и во Европа“, напиша Гроси на Твитер.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button