ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Тимот од САД започна со истраги

Тимот од САД започна со истраги

За следниот месец е откажана еднодневната посета на советникот на државниот секретар на САД, Дерек Шоле и на заменикот помошник секретар на Стејт департментот на САД, Габриел Ескобар.

Advertisements

Посетите на американските функционери се поклопуваат со доаѓањето на тимот за борба против корумпираните функционери. Овој тим составен од двајца членови со искуство според неофицијални информации пристигнал во земјава на крајот на ноември, и веќе ги има подготвено списоците со сегашни и поранешни функционери на кои ќе се фокусираат истрагите. Како што неофицијално се дознава, истраги  се започнати и се очекува да бидат интензивирани. Според „Код“, истрагата веќе е завршена за поранешниот началник на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков. На дел од средбите на американскиот тим во државните институции требаше да се приклучат и Шоле и Ескобар, но посетата е одложена за месец јануари.

Тимот од САД е дел од Канцеларијата за контрола на финансиските средства, на американското Министерство за финансии, регулаторно тело кое применува санкции доколку се прекршат нивните принципи. Примарниот начин на кој работи е преку  внимателно следење на меѓународната деловна активност, и гонење или казнување на финансиските институции и компании, за кои ќе се утврди дека се во спротивност со американската политика.

Меѓународните медиуми пишуваат дека ова тело нема да се двоуми да им изрече строги казни на прекршителите, особено ако тие самите не ги пријават прекршувањата. Казните за поединци може да достигнат до 20 милиони долари, и 30 години затвор

Пред само три дена, на Меѓународниот ден за борба против корупцијата, од Канцеларијата за контрола на финансиските средства се санкционираа вкупно 40 поединци и субјекти поврзани со корупција и кршење на човековите права во девет земји – од Западниот Балкан, Белорусија, Либерија, Гватемала, Руската Федерација, Мјанмар и Иран. Нивниот идентитет засега не е познат, и не се знае дали има лица од Северна Македонија./Alsat.mk

Фатлуме Дервиши

 

 

 

..

..

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button