МАКЕДОНИЈА
Тимска наместо лидерска средба? Еве што вели Мицкоски

Ако наместо лидерска би се организирала тимска средба помеѓу ВМРО и СДСМ, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат вели дека таква средба би требало да се организира без присуство на лидерите, додека лидерскиот состанок би се организирал по разгледување на евентуални тимски заклучоци.
„Доколку постои инсистирање од страна на соговорникот, наместо лидерска, да има тимска средба, тогаш мојот предлог, којшто јавно го кажувам, еве во вашата емисија, е најпрвин да се организира таа тимска средба, ако одлучил така, да видиме какви заклучоци ќе донесат тие тимови, па потоа ние како претседатели на партија“, вели Мицкоски.