ВЕСТИСВЕТ

Тинејџерка од Црна Гора планирала терористички напад во Австрија!

Четиринаесетгодишна тинејџерка од Грац наскоро ќе се појави на суд под обвинение дека планирала терористички напад со нож на Јакоминиплац во Грац и дека е поддржувач на терористичката организација ИСИС.

Advertisements

Обвинението е потврдено, а таа може кривично да одговара бидејќи на 9 мај наполнила 14 години, а на 17 мај е уапсена.

Според австриските медиуми, истражителите на Државната безбедност и борба против екстремизмот (ЛСЕ) на Австрија и влегле во трага на тинејџерката благодарение на дојава од европска агенција за безбедност. Од пребарувањето на нејзината кореспонденција било откриено дека таа зборувала за терористичкиот напад на Јакоминиплац. Според медиумите, таа веќе подготвила оружје за таа цел – секира и нож – како и специјална облека. Таа преку Месинџер испратила фотографии од споменатите предмети до други симпатизери на ИСИС во странство. Според обвинението, цел на нападот биле „неверниците“.

Како што претходно напиша Кронен Цајтунг, тинејџерката е родена во Црна Гора, живее во Грац, но се уште нема австриско државјанство. При претресот на куќата пронајдени се и одземени нож, секира, облека и носачи на податоци. Пронајдени се и големо количество пропаганден материјал на ИСИС, како и видео снимки од егзекуции и тепачки. По совет на адвокатот, на распитот во полиција таа не ги признала делата за кои се товари. Австриските медиуми пишуваат дека родителите веројатно не знаеле за нејзините планови ниту активности.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button