ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ТИРЗ стануваат достапни за домашните средни и големи компании

Со законски измени ќе се утврди јасна постапка што ќе им овозможи и на домашните компании да станат клиенти на технолошко-индустриските развојни зони, најави во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат, директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, Јован Деспотовски.

Advertisements

„Предвидовме измени во самиот закон во сите следни ситуации да не мора директорот да се убедува со другите институции, туку самиот закон да предвидува точна постапка којашто ќе биде јасна и транспарентна за сите домашни компании. Домашните средни и големи компании ќе ги добијат тие услови…инфраструктурни услови, условите за пристап до државно земјиште, олеснети процедури за градба… Сите тие елементи коишто клиентите на зоните ги добиваат сега стануваат достапни за домашните средни и големи компании“, рече Деспотовски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button