

Алсат
30.04.2020 08:19
Нашиот организам отсекогаш бил интересен за научниците и нивните научни истражувања. Различни научници се прославиле токму со интересни откритија поврзани со нашето тело. Издвоивме неколку занимливи откритија кои можат да ви помогнат во секојдневието.
Истражувачите од Универзитетот во Лондон и Универзитетот Милано од Италија, дошле до интересни сознанија поврзани со човечкиот организам. Тие докажале дека, она во што гледате, значително влијае на јачината на болката што ја чувствувате. Ако гледате во раката додека ви вадат крв или ве вакцинираат, ќе почувствувате помала болка, отколку ако ја завртите главата на друга страна.
Тоа што ќе го прочитате пред спиење подобро и подолго се помни, бидејќи во текот на сонот меморијата се засилува, вели Кенди Хејмгартнер, познат научник. Па затоа, ако треба да научите некој говор, задолжително прочитајте го пред спиење.
Стимулирањето на нервите во увото доведува до создавање рефлексно надразнување, кое може да предизвика грч на мускул во грлото, вели американскиот оториноларинголог Скот Шафер. Ваквиот грч го олеснува грепкањето и скокоткањето во грлото.
Левото уво подобро препознава музика, но ако сакате да чуете нечиј разговор, користете го десното, бидејќи тоа е надарено да препознава говор, тврди Дејвид Гифин, истражувач од универзитетот во Калифорнија.
Кратковидоста не е наследна, велат стручњаците, туку најчесто е предизвикана од предолго гледање во монитор. Со наизменично фокусирање и дефокусирање на зеницата на одреден предмет, се одмораат очите и се вежба видот.
Ако морате да одите во тоалет, а во близина го нема, мислете на секс. Тоа ќе го намали непријатното чувство бидејќи ќе го окупира мозокот (и уринарниот систем), вели американскиот специјалист уролог д-р Лери Липшалц.