Тојота, сеат, мерцедес… што сè изгоре под Кале?
Тојота, сеат, мерцедес... што сè изгоре под Кале?

„Пожарот што зафати 5 автомобили на дивиот паркинг кај поранешниот полигон во близина на Калето е изгаснат. Сè уште не се познати причините за инцидентот.“
При пожарот кој избувнал околу 13 часот и 30 минути нема повредени. Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.
„Денеска во 13:25 минути во СВР Скопје било пријавено дека на улицата Л. Личеновски на илегалниот паркинг кај поранешен полигон настанал пожар при што изгорела сува трева. Во меѓувреме пожарот зафатил 5 возила. Нема повредени лица. Пожарот бил локализиран во 14 часот“, велат од МВР.
Сопственикот на еден од автомобилите со солзи во очите гледаше во своето уништенио возило.
Никој од оштетените не сакаше да зборува пред камерите, но ни рекоа дека очекуваат надлежните во најбрз можен рок да откријат како дошло до пожарот./Alsat.mk
Ајнур Бафќари