ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Толку од Огнените; Беџети, Бејта и Џафери се стопија во ДУИ

Во ДУИ веќе не постои ниту фракција ниту Огнена група. Ова беше потврдено на вчерашната седница на Генералниот совет на оваа партија, на која присуствуваа Блерим Беџети и Невзат Бејта, двајцата најголемите критичари на политиките на ДУИ, особено на нејзините министри.

Advertisements

Од критичарите на политиките на ДУИ останаа само Изет Меџити, Висар Ганиу, Саранда Имери и други кои ќе продолжат со новото движење.

Наместо Меџити, за потпретседател на партијата е избран Бујар Османи, а за членови на Советот наместо Висар Ганиу и Саранда Имери се избрани Беким Незири, Илир Хасани и Арта Билали.

Советот на ДУИ  не ја чепна функцијата организациски секретар, што значи дека Блерим Беџети и понатаму останува на оваа функција.

Ниту Блерим Беџети ниту Невзат Бејта се уште не излегле со став за нивната позиција во ДУИ, но се видени на седницата на Советот. Врз основа на одлуките на Советот, нема промени ниту  во ставот на Надзорниот совет на партијата, што значи дека Муса Џафери останува на оваа функција.

Сите тројца во сите свои јавни настапи остро се спротивставуваа на политиките на ДУИ, обвинувајќи ги особено министрите дека не ја спроведуваат изборната програма на партијата. Мета беа вицепремиерот Артан Груби, кого го обвинија дека ја држи партијата како заложник, отстранувајќи ги сите кадри кои мислеле поинаку од него или кои ја поддржувале Огнената група.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button