СПОРТФУДБАЛ

Томас Мајснер ја засили одбраната на Гостивар

Прволигашот Гостивар се засили со германски интернационалец. Нов фудбалер на гостиварци е 32-годишниот дефанзивец Томас Мајснер. Тој доаѓа како слободен агент, а негов последен клуб е Ханза Рошток.

Мајснер има искуство од Германија, Холандија и од Унгарија. Во Германија го носел дресот на Дуизбург и бил член на вториот тим на Борусија Дортмунд. Во Холандија настапувал за Ден Хаг и за Вилем 2, а во Унгарија бил дел од Пушкаш Академија.

Томас Мајснер ќе му се придружи на тимот на Гостивар на подготовките во Анталија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button