ВЕСТИРЕГИОН

Томислав Томашевиќ од зелено-лева коалиција нов градоначалник на Загреб

Нов градоначалник на Загреб е Томислав Томашевиќ, активист и борец за јавниот интерес во главниот град на Хрватска, кандидат на зелено- левата коалиција „Можеме“. Во вториот круг што беше одржан вчера, 39- годишниот Томашевиќ освои речиси двојно повеќе гласови од противкандидатот од десното Татковинско движење, музичарот Мирослав Шкоро.

Градоначалник на Сплит во наредните 4 години ќе биде Ивица Пуљак од партијата Центар, прв човек на Осиек ќе биде Иван Радиќ од Хрватската демократска заедница, а најмногу гласови во Риека доби Марко Филиповиќ од Социјалдемократската партија.

Во вториот круг учествуваа по двајца кандидати кои во првиот круг освоија најмногу гласови.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button