
Меѓународната ракометна федерација ИХФ, го смести голманот на Македонија, Мартин Томовски во идеалниот тим за последните две кола во квалификациите за пласман на Европското првенство.
Томовски имаше импресивни одбрани на последните два меча против Естонија или Литванија, кои Македонија ги доби, и се пласираше на Европското првенство идната година.
Томовски се најде во друштво со Тен Велде (Холандија), Белос (Австрија), Станчиуц (Романија), Ричардсон (Франција), Теигум (Ф.Острови), Ромеро (Шпанија) и Лигетвари (Унгарија). За најдобар играч е прогласен Ричардсон.
FOTO: Gol.mk