СПОРТ
Тонали: Смешно, срамно судење, ајде да играме кошарка ако не!
Милан загуби од Челси вторпат во рок од една недела, но овој вториот пораз, од синоќа на „Сан Сиро“ (0-2) посебно ги разбесни Италијанците, бидејќи сметаат дека тие не се виновни за неуспехот, туку судијата Даниел Зиберт.

Германецот покажа директен црвен картон за Фикајо Томори уште во 18. минута од мечот, а згора на тоа им додели и пенал на фудбалерите на Челси. Жоржињо го реализира, Милан остана без играч и веќе не беше ист натпревар. Италијанците не го криеа бесот ни во официјалнит изјави по натпреварот.
„Има многу такви инциденти за време на еден фудбалски натпревар. Кога ќе дадете пенал и црвен картон по само 18 минути, за таков контакт… Ако не ајде да играме кошарка, каде што секој допир е фаул. Јас таков впечаток имав вечерва, имавме неколку жолти картони за смешни, срамни стартови само во првото полувреме“, рече Сандро Тонали за „Скај спортс“.
Извор: Спорт1