СПОРТ

Тони Надал: Синер не е единствен што се допингувал

Контроверзниот Тони Надал предизвика нова бура откако рече дека италијанецот не е единствен што има проблеми со допингот.

Advertisements

„Изненаден сум што неколку играчи се свртеа против Синер, дури и некои од највисокото тениско ниво кои не се баш чисти. Го познавам лично Синер и сигурен сум дека немал намера да направи кривично дело. Не можете така да се однесувате кон лице поради грешка која можеби била случајна, а не поради некоја корист“, рече Надал.

По неговата изјава, светските медиуми почнаа со лицитација на имиња кои би можеле да користат допинг, а се меѓу најдобрите во светот. Спомнат е дури и Новак Ѓоковиќ кој веднаш по изрекувањето на казната на Синер се јави со критика дека суспензијата е мала, а целиот случај се водел мошне чудно.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button