
Актуелниот шампион на Македонија, Струга Трим Љум, се „поднови“ со одлично засилување за следната сезона. Во градот крај езерото пристигнува Нигериецот Ланре Кехинде, кој минатата година имаше забележителни насттапи во екипата на Гостивар.
Кехинде пристигнува со скор од 12 голови и пет асистенции на 23 одиграни натпревари, па за очекување е дека ќе биде повеќе од солидно засилување за старо-новиот шампион. Нигериецот се прикажа во одлично светло уште во првата сезона, па со добрите игри си заработи трансфер во двократниот шампион на Македонија.
30-годишниот Кехинде е роден во главниот град на Нигерија, Лагос, а во кариерата претходно настапуваше за неколку турски и израелски екипи. Може да игра како класичен центарфор, но со леснотија ја покрива и десната крилна позиција.