ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Училишта и градинки со ладни радијатори – Топланата „Скопје север“ не испорачува греење

Неколку училишта и градинки, како и гимназијата Зеф Љуш Марку денеска немаат наставата откако останаа без греење. Топланата „Скопје Север“ не испорачува топлинска енергија. Алсат дознава дека греење нема ниту во јаслите, па родителите се принудени предвреме да ги земат децата од градинка.