ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Топлината го тежи животот на бездомниците

Топлината го тежи животот на бездомниците

Високите температури уште повеќе им го отежнуваат животот на бездомниците и сиромашните.Тие се принудени да побараат засолниште во Пунктот за бездомници на Црвениот крст каде покрај хигиенските услуги добиваат храна и вода.

Advertisements

Од Црвениот крст рекоа дека се зголемува бројот на бездомници кои бараат разни услуги во овој пункт. Според оваа институција, во периодот на пандемијата бројот е удвоен достигнувајќи до над 160 лица.

Над 30 волонтери на Црвениот крст изминативе 10 дена им делат вода на граѓаните кои на овие високи температури излегоа да ги завршат своите обврски.Како што соопштија од оваа институција, мобилните екипи ќе бидат таму од 11 до 16 часот, вклучувајќи ги сите делови на Скопје./Alsat.mk

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button