МАКЕДОНИЈА

Топло време допрва ќе кулминира!

С Македонија уште 10 дена ќе биде во портокалова фаза со температури на 40 степени.
Вакви, па дури и повисоки температури има и во другите земји од Југоисточна Европа. Не некои места почвата достигнала и 60 степени.

Advertisements

Европската вселенска агенција која ги мери температурите на земјината површина од вселената, најави интензивирање на жештините во наредните денови. Според оваа агенција, тие се резултат на климатските промени и се дел од новата реалност на која светот треба да се прилагоди.

„Минатата недела забележавме температура на земјината површина на 60 степени целзиусови. Ова не е температура на воздухот во метеоролошка смисла, туку ја покажува вистинската температура на површината на земјата како би се чувствувала на допир. И веруваме дека ќе се интензивира“, вели Клемент Албергел, Европска вселенска агенција.

Владата на СМакедонија, по барање на Министерството за здравство, одлучи да ги продолжи препораките за намалување на ризикот од високи температури до 25 јули. Според овие препораки, меѓу другото, предвидено е да бидат ослободени од работа најпогодените категории, како и препорака граѓаните да не се изложуваат на сонце во периодот од 11 до 17 часот.

Државниот инспекторат за труд ги засили вонредните контроли, при што во рок од четири дена се извршени 272 контроли. Биле констатирани повеќе прекршоци и издадени решенија за прекин на работа за 47 работодавачи.

Препораките на Владата вклучуваат ослободување од работа на бремените жени и лица на возраст над 60 години. Тие би можеле да работат „онлајн“ доколку тоа го дозволува работниот процес. Не треба да се практикуваат физички активности во градинки и децата да не се изложуваат на отворено во периодот од 11 до 17 часот. Владата дополнително препорача единиците на локалната самоуправа и центрите за социјална работа да пружаат помош на самохрани, стари, немоќни и на бездомници.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button