
Во наредните денови ќе преовладува топло време со високи температури. Во среда се очекува температурата да достигне 40 Целзиусови степени, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи. Исто така, синоптичарите соопштуваат дека месец јуни генерално ќе биде многу топол и сув, со температури над просекот.
Високите температури веќе го зголемија бројот на повици во Итната помош, особено за сообраќајни незгоди. Од таму пак се жалат дека во споредба со бројот на жители во Скопје имаат мал број екипи за интервенции.
Граѓаните се жалат дека во градот не останале зелени површини за одмор и освежување.
Лекарите од Итната помош апелираат и до граѓаните да не излегуваат непотребно од 10 до 17 часот. Во случаи кога мораат да излезат во најкритичните делови од денот, лекарите препорачуваат граѓаните да носат вода, капи и светла облека. Лекарите препорачуваат и користење креми со заштитен фактор./Алсат.мк
Мелихате Рустеми