ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Топлотен бран во Македонија

Топлотен бран во Македонија

Македонија е зафатена од екстремно високи температури невообичаени за овој период од годината. Од утре уште повискои темератури, каде на места ќе надминат и 40 Целзиусови степени, предупредуваат од управата за хидрометеоролошки работи, од каде додаваат дека поради континуираниот раст на температурите, од четврток целата држава влегува во портокалова алертна фаза.

„Согласно предвидените и пресметани гранични вредности на екстремни температури, утре на територијата на нашата земја ќе биде активирано жолтото ниво на тревога, додека во регионот на Скопје и во Полошката долина портокаловото ниво на опасност од високи температури. Поради натамошниот пораст на температурите, од четврток насекаде ќе биде активно портокаловото ниво“, велат од  Управа за хидрометеоролошки работи.

Многу високите температури кои се очекуваат да достигнат и до 39 Целзиусови степени не ги спречуваат градежните работници да продолжат со работа. Како што се гледа зад мене, тие се директно изложени на сонце и на ултравиолетовите зраци, кои се опасни за човечкото тело.

Ултравиолетовите зраци денеска беа на високо ниво со вредност 8. Владата пред десет дена излезе со препораки за намалување на ризиците од високите температури, кои предвидуваат ослободување од работни обврски за бремените жени и стари лицата со над 60 години. За градинките се препорачува да не се практикуваат физички активности и излеженост на децата на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот./Алсат.мк

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button