ВЕСТИЗДРАВСТВО

Топлото време го зголеми бројот на сообраќајки и на колапси

Високите температури го зголемија бројот на итни повици и интервенции во Скопје. Зголемен е и бројот на случаи на онесвестувања, а алармантен е и бројот на сообраќајни незгоди со мотори, тротинети и велосипеди за кои се верува дека се резултат на директната изложеност на сонце.

Advertisements

Најголем број повици до Итната помош доаѓаат од хронично болните кои остануваат најчувствителна категорија во однос на драстичните промени на времето и влијанието врз здравјето.

Покрај хроничните болни лекарите препорачуваат да се посвети посебно внимание и на малите деца, бидејќи директното изложување на сонце, кај нив може да предизвика алергии или рак на кожата што може да доведе до уште посериозни здравствени последици.

Вјолца Алити

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button