
Според турските медиуми, Торино е силно заинтересиран за капитенот на македонската репрезентација Енис Барди, веќе испратиле понуда до него.
„Биковите“ веќе некое време го следат македонскиот капитен, пред неколку години имаа неуспешен обид да го доведат бидејќи Леванте бараше многу пари, а сега имаат солидна шанса за такво нешто.
Енис Барди има договор со Трабзонспор до следното лето, но клубот има опција да му го продолжи на уште една. И покрај тоа, не би требало турците да одредат висока цена и Торино има на што да се надева во преговорите. Цената на Барди според „Трансфермаркт“ е одредена на 6,5 милиони евра.
Според турскиот медиум „Сабах Спор“, Торино веќе се распрашал во Трабзон за можноста да го откупи Барди, а дали има вистина во тоа ќе видиме во следниот период.